• сабота, 22 март 2025

Од утре дожд, грмежи и силен ветер

Од утре дожд, грмежи и силен ветер

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.

УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.

Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.лв/са/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан