• четврток, 26 март 2026

Од судско депо во Истанбул „исчезнале“ 25 килограми злато и 55 килограми сребро

Од судско депо во Истанбул „исчезнале“ 25 килограми злато и 55 килограми сребро

Анкара, 17 декември 2025 (МИА) – По барање на Турција Интерпол издаде црвена потерница по осомничен за исчезнувањето на 25 килограми злато и 55 килограми сребро од судско депо во Истанбул.

Судските службеници на почеток од месецот утврдиле дека од депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе, каде се чувале докази, недостигаат злато и сребро, чија вредност се проценува над 147 милиони лири (три милиони евра). Тие забележале и дека долго време е отсутен нивни колега.

Турското обвинителство почна истрага при што е утврдено дека главниот осомничен од Истанбул полетал за Лондон. Со него била и неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Во случајот засега е приведено само едно лице. ми/мс/

фото; МИА архива

Остани поврзан