• сабота, 23 ноември 2024

Од стар автобус, направил удобна викендичка

Од стар автобус, направил удобна викендичка
Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) - Англичанец успеа, од еден стар двокатен „Вајлд атлантик“ автобус што се користел во Лондон 1990-тите, да направи луксузно привремено живеалиште. Ричард Бартон го купил автобусот пред три години, за 2.000 фунти. Првично, сакал да го користи како превозно средство за потребите на неговото семејство и за работа. - Претходно имам поправено пет Фолксваген камп-возила и мислев дека можам да направам нешто слично со автобусов. Но, напредував бавно, иако мојата сопруга и ќерките ми помагаа со идеи. На крајот, ова стана недвижно место за престој, раскажува 61-годишниот мајстор. Бартон отстранил 74 седишта од автобусот, тркалата, ја проверил неговата издржливост и состојбата на материјалот, ги тргнал гнилите делови и пренамената почнала... Англичанецот вложил 31.000 фунти и сопствена работна рака, па автобусот добил дрвен под, три спални соби, кујна, дневна соба, шпорет на дрва, тоалет, внатрешен туш, туш на отворено, камин, градина и друго. - По осмислувањето, јас сè тоа го направив рачно. Сакав и луѓето тука да се чувствуваат удобно - како да не се во автобус. ...Едно седиште, сепак, задржав - тоа се наоѓа на вториот кат, со поглед кон езерото, вели Бартон. Автобусот е „паркиран“, односно неподвижен и е достапен за изнајмување.  си/ссм/

Остани поврзан