• понеделник, 25 ноември 2024

Од почетокот на годината регистрирани се над 10.000 илегални премини на Ламанш кон Велика Британија

Од почетокот на годината регистрирани се над 10.000 илегални премини на Ламанш кон Велика Британија

Лондон, 18 јуни 2023 (МИА) – Од почетокот на годината забележани се повеќе од 10.000 мигранти како го преминуваат Ла Манш со мали чамци, се наведува во извештајот на британскиот Хоум Офис.

Седум чамци со 374 луѓе само вчера пристигнале до британските брегови, со што бројот се искачи на 10.139 мигранти. Но, сепак бројка е помала во споредба со истиот период минатата година. Рекордни 45.000 премини на мигранти се регистрирани за целата 2022 година.

Борбата против илегалната имиграција е еден од приоритетите на британската конзервативна Влада, која минатата година владата донесе закон, кој судовите досега го блокираа, за испраќање на барателите на азил во Руанда. И новиот предлог-закон, критикуван во ОН, предвидува спречување на мигрантите кои пристигнуваат преку Ла Манш да бараат азил.

Лондон, исто така, потпиша неколку договори со други земји, како Франција или Албанија, за подобра борба против илегалната миграција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан