• петок, 22 ноември 2024

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава
Скопје, 14 јули 2021 (МИА) - Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките на странските инвестиции до крајот на годината, Арсовски потенцира дека според податоците на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во моментов се водат преговори за над 30 нови инвестициски проекти од постојни и потенцијални инвеститори кои се присутни во државава и кои во наредниот период треба да донесат над 400 милиони евра инвестиции и нови 8.500 работни места. Тој посочи дека Владата и Дирекцијата за ТИРЗ работат посветено на подобрување на економските перформанси во зоните и деловната клима. - Конкретен резултат на таа посветена работа е забележан како рекорд на економска активност и во првиот и во вториот квартал во последните четири години. Само во вториот квартал од 2021 година извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе од истиот период лани. Значи 140 проценти повеќе од лани, 12 проценти во однос на 2019, додека во однос на 2018 порастот е околу 27 проценти, рече владиниот портпарол Аровски. Тој нагласи дека извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите четири години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе во споредба со истиот месец минатата година. фф/сп/

Остани поврзан