• понеделник, 23 декември 2024

Од погоните на „Брако“ испорачани две турбински куќишта за Грузија, проектирани и дизајнирани од „Фероинвест“

Од погоните на „Брако“ испорачани две турбински куќишта за Грузија, проектирани и дизајнирани од „Фероинвест“
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Од погоните на фабриката „Брако“ во Велес беа испорачани двете турбински куќишта кои ги проектираше „Фероинвест“, а се наменети за новата хидроцентрала „Некра“ во Грузија. Со Договорот за проектот, кој е финансиран од Европската банка за обнова и развој, „Фероинвест“ беше задолжен за проектирање, изработка, транспорт, монтажа, тестирање и пуштање во работа на електро-машинска опрема за три хидроелектрани „Ипари“, „Келра“ и „Накра“ во Грузија. Вкупната инсталирана моќност на трите хидроелектрани е 20 мегавати. Досега е испорачана опремата за хидроцентралите „Ипари“ и „Келра“ и тие проекти се пуштени во работа и успешно функционираат веќе две години. -  Досега нашата компанија „Фероинвест“ има испорачано повеќе од 40 проекти за хидроелектрани. Конкретно за овој проект, во Грузија, бевме во конкуренција со многу други западноевропски испорачатели на опрема. Но, инвеститорот успеа да го препознае нашиот квалитет кој што морам да кажам дека е подобар и на повисоко ниво од квалитетот на многу други западноевропски испорачатели на опрема. И исто така го препозна нашето залагање да успее тој проект односно роковите на испорака на опремата и финансиските услови за исполнување на проектот. Во Фероинвест се вработени повеќе од 150 инжeнери кои го гарантираат тој квалитет со нивната посветеност и тоа беше препознаено од овој инвеститор во Грузија. Меѓутоа, и од многу други инвеститори со кои што досега сме работеле заедно, вели проект менаџер и директор на „Фероинвест“, Филип Андревски. Опремата што ја произведува Фероинвест е проектирана и изработена според највисоките светски стандарди од оваа област со стручноста на преку 150 вработени инженери и со најсовремените технологии на производство инкорпорирани во производствените комлекси на нашата групација. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан