Од печат излезе поетската збирка „Слези“ на Фиона Сампсон
- Од печат излезе поетската збирка „Слези“ на Фиона Сампсон, една од водечките британски поетеси, есеистка и воопшто уметница.

Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Од печат излезе поетската збирка „Слези“ на Фиона Сампсон, една од водечките британски поетеси, есеистка и воопшто уметница.
За неа Александар Прокопиев во поговорот од книгата ќе рече „поетеса која патувајќи го впива секој кусотраен светлосен миг за на убедлив начин да ги синтетизира ликовните, музички и мисловни проблесоци во своите отмени стихови.
Поетската збирка е во издание на „Перун Артис“ во склоп на поетската едиција „Брегови“. ар/лв/