• четврток, 07 ноември 2024

Од недела почнува летното сметање на времето

Од недела почнува летното сметање на времето
Скопје, 27 март 2020 (МИА) - Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. бак/са/

Остани поврзан