• петок, 22 ноември 2024

Од Локалниот совет за превенција на Струмица учат општини од Црна Гора

Од Локалниот совет за превенција на Струмица учат општини од Црна Гора

Струмица, 15 август 2023 (МИА) - Од функционирањето и работата на Локалниот совет за превенција на Струмица учат општини од Црна Гора, но и македонски општини.

Како што информираше градоначалникот, Костадин Костадинов, добрата практика на Советот е препознаена од Мрежата на силни градови.

-Неодамна во Подгорица, Црна Гора, се одржа работилница на која учествуваа општини и градови од земјите од Западен Балкан. Општина Струмица беше единствена општина од нашата земја која учествуваше и даде голем придонес и пример при формирањето на Локален совет за безбедност на Данаиловград, изјави Костадинов.

Тој дададе дека покрај општини од Црна Гора, примерот на Струмица за функционирањето на Советот за превенција е интересен и за повеќе општини од државата.

-Ние имаме резултати од работењето на Локалниот совет за превенција, кои се препознати, пред се, од ОБСЕ, кој е иницијатарот и идеологот за формирање на вакво тело. Затоа, апелирам до сите мои колеги градоначалници да ги стават во функција советите за превенција. Ништо не е проблем еден ден во месецот, еден или два часа да се дискутира за проблемите на граѓаните. Би сакал еден ден сите општини да имаат функционални локални совети за превенција, да се препознае важноста за неговото работење и секојдневно да ги решаваме проблемите на граѓаните, истакна струмичкиот градоначалник.

Локалниот совет за превенција на Струмица се состанува секоја последна среда во месецот и се разгледуваат и се нудат решенија за најразлични проблеми на граѓаните. Еден од проблемите, за кој подолго време се бараше решение, е отстранувањето на дивите продавачи од централното градско подрачје. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан