• петок, 22 ноември 2024

Од Ковид-19 во Русија починале околу 500 медицински работници

Од Ковид-19 во Русија починале околу 500 медицински работници
Москва, 18 јуни 2020 (МИА) - Околу 500 руски медицински работници починале од Ковид-19, соопштија набљудувачи на Росздравнадзор, јави Би-Би-Си. Споредено со минатомесечниот биланс од 101 починат медицински работник, во јуни се регистрира голем пораст на смртноста кај медицинскиот персонал. Началничката на „Росздравнадзор“, Аља Самоилова, истакна дека проблемите во дистрибуцијата на заштитна опрема значително влијаат на толку висока стапка на смртност. Русија е на третото место во светот по бројот на потврдени случаи на Ковид-19 со 561 илјади пациенти, од кои 7.790 во изминатите 24 часа, додека бројот на смртни случаи е 7.760. јт/

Остани поврзан