Од Вилијам и Кејт се бара да го признаат британскиот долг кон Бахамците
- Комитет на Бахамите ги повика принцот Влијам и неговата сопруга Кејт, да признаат дека британската економија е „создадена врз грбот“ на Бахамци и да платат репарации, јави ДПА.
Лондон, 23 март 2022 (МИА) - Комитет на Бахамите ги повика принцот Влијам и неговата сопруга Кејт, да признаат дека британската економија е „создадена врз грбот“ на Бахамци и да платат репарации, јави ДПА.
Вилијам и Кејт се на осумдневно патување на Карибите и веќе сe соочија антикралски протести при посетата на Белизе и Јамајка. Во Кингстон беа обвинети дека тие имаа бенефиции од „крвта, солзите и потта“ на робовите.
Според кралски извор, принцот бил свесен за протестот во Јамајка. Се очекува принцот да се осврне на прашањето со ропството во својот говор на вечерата закажана за вечерва. Домаќин на вечерата ќе биде генералниот гувернер на Јамајка. бд/ссм/