Одржан Првиот јунски коњички турнир
- На теренот на клубот Анималс во скопска Дрма викендов се одржа Првиот јунски коњички турнир и 2.коло од отвореното Лига првенство во прескокнување пречки.
Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) – На теренот на клубот Анималс во скопска Дрма викендов се одржа Првиот јунски коњички турнир и 2.коло од отвореното Лига првенство во прескокнување пречки.
Најдобро пласирани по категории:
Категорија Е со височина од 0,70 м.ширина 1 метар:
1. место Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од KK Илинден
2. Ина Илиевска со грлото Куаст од KK Aбравадос
3. Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од KK Анималс
Категорија А со височина на пречките од 0.90 до 1.10 м. и ширна 1,20 метар:
1. место Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос
2. Место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК Илинден
3. Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК Анималс
Категорија А со височина на пречките од 1.10 - 1.20 м и ширина до 1.30:
1. Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос
2. Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК Анималс
3. Силја Дуковска со грлото Ехо од КК Илинден. зс/