• понеделник, 06 мај 2024

Одржан првиот Јунски коњички турнир за сезона 2022

Одржан првиот Јунски коњички турнир за сезона 2022
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) – Во организација на клубот Анималс, на терените во Дрма-Идризово денес се одржа првиот  „Јунски коњички турнир“ и второ коло од отвореното Лига - првенство во прескокнување на пречки за 2022 година. На програмата беа три натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките   од 0,90 до 1,20 метри. Во првиот натпревар со височина од 0,90 - 1,00 м. , таканаречен „Лов на бодови“ во време од 70 секунди најдобри беа: 1.место Силја Дуковска со грлото Најтингел од Илинден со 950 бодови 2.место Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос со 720 бода и 3.место Лија Кајев со грлото Нур од Анималс со 680 бодови. Најдобропласирани на вториот натпревар така наречен „растечки потешкотии“ со височина на пречките од 0.90 до 1.20 м со алтернативна пречка Џокер беа: 1.место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Браадос 2.место Петар Милошевски со грлото Надја Бравадос 3.место Дарио Гроздановски со грлото Силвано од Анималс Во третиот натпревар, ревијален за дебитанти со почетна лиценца за прескокнување на пречки со висина од 60-70 см.сите што го завршиа скокањето го делат првото место ,,ЕКС ЕКВО,,: Кристина Антовска со грлото Војвотка од Анималс, Лидија Бјуреневал со грлото Прециоус од Анималс, Матеа Димовска со грлото Војвотка од Анималс, Калина Колевска со грлото Прециоус од Анималс. зс/

Остани поврзан