• сабота, 18 мај 2024

Одржан првиот Мајски коњички турнир, првото коло до купот одложено

Одржан првиот Мајски коњички турнир, првото коло до купот одложено

Скопје, 14 мај 2023 (МИА) - На хиподромот во Маџари во организација на ККС-Илинден викендов се одржа првиот Мајски коњички турнир.

 

На програмата беа пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките 0,70- 1,20м./до 1,40м.ширина.

 

Пласман по класи:

 

Класа Е: висина 0,70м.-/0. 90м.ширина
1-место Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од ККС.Илинден
2-место Фросина Антовска со грлото Дон Октавијан од КК.Анималс

 

Класа Д: висина 0,90м.-/1.10м. ширина:
1-место Бобан Томесвски со грлото Вики од ККС.Илинден
2- место Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од ККС.Илинден
3-место Матеа Димовска со грлото Нур од КК.Анималс

 

Калса Ц: висина 1,00м.-/1.20м.ширина:
1-место Сиља Дуковска со грлото Најтингел од ККС.Илинден
2-место Лиа Кајев со грлото Аполо од КК.Анималс
3- место Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК.Анималс

 

Класа Б: висина 1.10м.-/1.30м.ширина:
1-место Сиља Дуковска со грлмто Ехо од ККС.Илинден
2-место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од ККС.Илинден
3-место Петар Милошевски со грлото Надја од КК.Бравадос

 

Класа А: висина 1.20м.- 1,40м.ширина:
1-место Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК.Анималс
2-место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од ККС.Илинден

 

Поради обилните врнежи од дожд, од безбедносни причини за коњите и јавачите првото коло од Купот на РСМ е одложено. зс/

Остани поврзан