• понеделник, 23 декември 2024

Одржан едукативен јавен настан „Самодоверба, комуникација, мотивација“ во општина Аеродром

Одржан едукативен јавен настан „Самодоверба, комуникација, мотивација“ во општина Аеродром
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Голем број аеродромци синоќа имаа прилика да учествуваат на јавниот настан „Самодоверба, комуникација, мотивација“ во организација на Општина Аеродром и ЕУ институт Скопје, настанот се одржал во Паркот на светлината. Како што информираат од Општината настанот започнал со промоција на публикацијата „Невербална комуникација“, по што обраќања имале претседателката на ЕУ Институт Скопје, Верица Пандиловска, како и претседателот на Европски институт за менаџмент, право и дипломатија, Зендел Абедин Шехи. -На настанот благодарности им беа доделени на секретарот на Општина Аеродром, Марица Ѓурческа, како и на други претставници од Општината за безрезервната поддршка на проектот и за неговата реализација.Овој настан на отворено успеа да ја спои едукацијата со забавата, а со цел постпандемиска поддршка на граѓанскиот сектор, преку модел на директно граѓанско учество во Општина Аеродром, како и изградба на капацитетите за подобар живот на граѓаните и нивно разбирање со цел успешно функционирање во заедницата, стои во соопштението. Во текот на целиот настан траела и хуманитарна акција за собирање донации за жртвите на семејно насилство што живеат на територија на општината. Воедно аеродромци уживале во музичките настапи на Бени Шаќири, Кристина Димитриевска, Верица Пандиловска, Ибуш Ибраимоски и Амир Ибраимоски.свс/скс/

Остани поврзан