• недела, 22 декември 2024

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) – Вкупно 177 ученици од основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“ учествуваа денеска на вториот Ласер ран во комбинирано трчање и пукање со ласерски пиштоли.

Настанот одржан во Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во организација на македонската Асоцијација во модерен Пентатлон и Македонскиот олимписки комитет (МОК), беше од хуманитарен карактер, а собраните финансиски средства ќе бидат наменети за Леонид, дете кое има парализиран ’рбетен столб.

Вториот Ласер ран го отворија генералниот секретар на Пентатлон, Кристијан Манасков, претседателот на МОК Даниел Димевски, како и директорките на ОУ „Лазо Ангеловски“, Магдалена Петреска и ОУ „Александар Македонски“, Маја Буклеска.

Сите учесници добија сертификати, а најдобрите од секоја категорија медали. ег/вј/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан