• среда, 08 мај 2024

Одржан првиот Јулски коњички турнир

Одржан првиот Јулски коњички турнир
Скопје, 2 јули 2022 (МИА) - Во организација на клубот Илинден денес на хиподромот во Маџари се одржа првиот Јулски коњички турнир, како и првото коло од отворениот Куп на Македонија во прескокнување пречки. На програмата беа натпревари во прескокнување на пречки во класи А,Б,Ц и Дебитанти. Резултати: Класа Ц – висина 0,95 - 1,10 м 1.место Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК Анималс 2.место Лиа Каев со грлото Нур од КК.Анималс од КК Анималс 3.место Сандра Маслинко со грлото Прешес од КК Анималс Класа Б - висина 1,10 - 1,20 м 1.место Петар Милошевски со грлпто Надја од КК Бравадс 2.место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од ККС Илиден 3.место  Ветон Куртаи со грлото Флинстоне од КК Илинден Класа А - висина 1,15 - 1,30 м 1.место Самир Реџепи со грлото Коку од КК Бравадос 2.место Петар Милошевски со грлото Надја КК Бравадос 3.место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од ККС Илиден Дебитанти - висина 0,60 - 0,70 м Сите што го апсолвираа паркурот без казнени поени делат 1.место: 1.Цветанка Георгивв со грлото ЧекПоинтЧарли од КК Бравадос 2.Матеа Димовска со грлото Прешес од КК Анималс. зс/

Остани поврзан