• понеделник, 20 мај 2024

Одржана манифестацијата „Пијанечки бисери 2020“

Одржана манифестацијата „Пијанечки бисери 2020“
Делчево, 25 ноември 2020 (МИА) - Во Делчево се одржа манифестацијата „Пијанечки бисери“. Поради пандемијата и протоколите за организирање културни настани, годинава како што информираше директорот на Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Методи Толевски на Пијанечки бисери изостана учеството на учесници од соседните општини. -Бројот на учесници на фестивалот е намален, не е оној што го планиравме пред појавата на пандемијата од разбирливи причини, а инаку замислата беше да учествуваат учесници од Виница, Берово, Пехчево и Делчево. Целта на овој проект кој сепак се одржа и во вакви услови е да им овозможиме на младите таленти од музичката дејност, да го искажат талент и да се дружат во овие услови на тешка здравствена криза, рече Толевски. До крајот на годината, пандемијата како што додаде дозволува делчевскиот Центар за култура да организира уште три настани. -На 3 декември е Светскиот ден на лица со посебни потреби, поради што планираме да почне со работа Ликовното студио и атеље на кое е предвидено учество и од децата од Дневниот центар. Потоа планираме да се одржат Вапцаровите бранувања кои ги закажавме за околу 10 декември. За тој настан деновиве ќе се распише конкурсот за литературни творби, додаде Толевски. Дополни дека годинава поради пандемијата ќе изостане завршниот Новогодишен концерт кој традиционално се одржува на крајот на месец декември. вс/см/

Остани поврзан