Државната изборна комисија ја одржа втората седница
- Државната изборна комисија денеска ја одржа 2 седница, на која беа усвоени сите осум точки од предложениот дневен ред.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) – Државната изборна комисија денеска ја одржа втората седница, на која беа усвоени сите осум точки од предложениот дневен ред.
Првата точка се однесуваше на повторените избори за градоначалници во четири општини, одржани на 11 јануари годинава.
Членот на Комисијата, Борис Кондарко, истакна дека согласно обврските на Комисијата го поднесува конечниот Извештај за одржаните избори и текот на самото гласање.
- Структурата на Извештајот е изработена на 43 страници и истиот согласно законот ќе биде доставен до Собранието, рече тој.
Усвоен беше записникот од одржанта прва седница на Комисијата.
Комисијата потоа го усвои предлог-годишниот извештај за завршната сметка на ДИК за 2025 година.
Светлана Карапетрова во расправата по однос извештајот рече дека врз основ на доделените средства од буџетот на ДИК се реализирани 89 проценти од доделнитесредства.
- Сметам дека јавноста ќе ја интересира дека од вкупно потрошениот буџет за изборни активности, 10,66 отсто се за реализирани надоместоци за изборната администрација, а 64,14 проценти за исплата на платено политичко рекламирање. ДИК раководеше совесно и одговорно со државните средства и максимално се потрудивме да направиме заштеда во однос на средствата одделени од буџетот. Останува дел од 981.752 илјади евра кои беа на крајот на годината вратени во буџетот на државата, рече Карапетрова.
Четврта точка на дневниот ред беше Предлог-правилникот за условите и постапката за издавање и намената за користење на средствата од службената платежна картичка на ДИК. Целта на носењето на Правилникот, како што рече претседателот на ДИК Бојан Маричиќ, е да се утврди и зацврсти уште повисок стандард на јавност, транспарентност и отчетност во финансиското работење на Комисијата.
Петтата усвоена точка беше предлог-правилникот за критериумите за определување надоместок на членовите на изборните органи и администрација кои спровеле гласање во казнено-поправните домови или гласање во установи за вонсемејна грижа во општините каде имаше повторени избори.
- Со овој правилник се предвидува регулирањето на надоместоците за оние избирачки одбори и комисии каде на дента на повторените избори спроведоа гласање во казнено-поправни установи што се наоѓаат во други општини, појасни Ангелчо Ристов.
Комисијата ја усвои и шестата точка од дневниот ред, за обука на вработените во ДИК, со која се уредуваа начинот како се спроведуват обуките за зајакнување на вештините и компетенциите односно за унапредувење на целосните капацитети на вработените.
Комисијата ги усвои уште и точките за процедурите за начинот на регулирање на користењето на деновите од годишниот одмор на вработените во институцијата, потоа предлог-одлуката за формирање стручна работна група од надворешни експерти за техничка анализа и обезбедувње непречена функционалност на системот за биометриска идентификација. аб/са/
фото/скриншпот