Одредени домаќините на Европското првенство во кошарка во 2029 година
- Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави денес Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Мадрид, 22 мај 2025 (МИА) - Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави денес Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе се одржи во шпанската престолнина.
Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 луѓе.
-Возбудени сме што ќе бидеме домаќини на Европското првенство во 2029 година во некои од најдобрите европски кошаркарски дестинации, секоја со силна кошаркарска култура и јасна посветеност на организирање на извонреден настан. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со земјите домаќини за да обезбедиме успешен и незаборавен турнир за тимовите, навивачите и партнерите, изјави претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса.
Европското првенство оваа година ќе се одржи во Латвија, Полска, Финска и Кипар од 27 август до 14 септември. дс
Фото: Архива