• понеделник, 23 декември 2024

Одобрени 1,2 милијарди евра државна помош за заеднички компјутерски проект на седум членки на ЕУ 

Одобрени 1,2 милијарди евра државна помош за заеднички компјутерски проект на седум членки на ЕУ 

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) - Европската комисија одобри исплата на 1,2 милијарди евра државна помош за реализација на „важен проект од заеднички европски интерес“ (ИПЦЕИ) за поддршка на истражување, развој и прво индустриско распоредување на напредни компјутерски технологии во облак во повеќе провајдери во Европа. 

Исплатата на средствата за проектот наречен „Инфраструктура и услуги во облак од следната генерација“ (ЦИС) од страна на седум земји членки на ЕУ - Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска и Шпанија, е одобрена согласно Правилата за државна помош на Унијата. 

Според планот, седумте земји членки ќе обезбедат 1,2 милијарди евра во форма на јавно финансирање, а се очекува дополнително да се обезбедат уште 1,4 милијарди евра од приватни инвестиции.  

Во ЦИС се вклучени 19 компании, меѓу кои и мали и средни претпријатија, кои треба да реализираат 19 високо иновативни проекти. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан