„Одлучно за промени" во Гевгелија: Ќе работиме посветено за функционална, модерна и иновативна општина
- Кандидатот за градоначалник за општина Гевгелија на движењето „Одлучно за промени" на ЛДП и ДОМ, Виктор Петков, на денешното обраќање пред граѓаните вети дека ќе се залага за создавање безбед
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник за општина Гевгелија на движењето „Одлучно за промени" на ЛДП и ДОМ, Виктор Петков, на денешното обраќање пред граѓаните вети дека ќе се залага за создавање безбедна средина, чист воздух, современо здравство, развиен спорт и култура во Гевгелија.
- Вистината ја гледаме и речиси сите ја знаеме, Гевгелија нема автопат. Нашето движење евидентно е забавено, заглавени сме помеѓу желбите и можностите, и партизираната самоуправа, но Гевгелија ги поминала сите досегашните премрежја, била и ќе остане значаен транзитен коридор и комуникациски центар. Дајте да немаме протекции, криминал, корупција. Да ја подобриме инфраструктурата, регулирање за ново-старата депонија, зелен урбанизам - експертите велат размислувај глобално, гледај локално, ќе го преточиме тоа во стварност, со јасни процедури, истакна Петков.
Носителот на советничката листа, Петар Апостолов пред граѓаните информира дека Советот на општината ќе работи посветено за да ја направи Гевгелија убаво место за живеење.
- Сите политички партии ветуваат, но ние реализираме. Движењето на центарот предводено од ЛДП и ДОМ секако со вас почитувани граѓани ќе се потрудиме да ја направиме Гевгелија пристојно место за живеење особено за младите, рече тој.
Апостолов предложи да се изготвува годишен извештај за активноста на советниците, нешто слично како за активноста на пратениците за граѓаните да разберат кои се тие луѓе од советот што работат и кои се тие луѓе кои се пасивни четири години.
Претседателот на ЛДП Горан Милевски вети дека ќе се залагаат за мобилна јавна администрација, односно за дигитализација.
- Ние сакаме мобилна јавна администрација, ние сакаме дигитализација на процесите во општината, да вие од дома можете да си завршите било која работа, независно дали ќе платите сметка или ќе си извадите документ. Токму затоа, ние, даваме предлози кои што значат елиминирање на сите овие нервози на граѓаните, сакаме отворена општина, сакаме општина која ќе биде иновативна, која нема да го троши само општинскиот буџет, пари од граѓаните, туку ќе биде доволно способна да аплицира во фондови за прекугранична соработка, да овозможи средства од меѓународни фондови се со цел да се инвестира за развој на градот, потенцираше Милевски. свс/дма/