• петок, 05 декември 2025

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Уставните судии на денешната седница дискутираа по две иницијативи за оценување на уставност  и законитост и едно барање заштита на слободи и права. Иницијативата поднесена од Јове Кекеновски од Скопје, која се однесува на членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници, не го доби потребното мнозинство гласови. Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 5, 7, 8 и 165 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поднесена од адвокатот Јован Јоанидис. На денешната седница беше одбиено барањето од Милан Јовчески од Прилеп, поднесено преку полномошник адвокат Трајче Арсов од Велес, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност. дма/сст/  

Остани поврзан