• четврток, 26 март 2026

Одлуката на Судот на ЕУ за договорот меѓу Италија и Албанија за мигрантскиот центар најверојатно ќе биде донесена за неколку месеци

Одлуката на Судот на ЕУ за договорот меѓу Италија и Албанија за мигрантскиот центар најверојатно ќе биде донесена за неколку месеци

Брисел, 25 февруари 2025 (МИА) - Европската комисија сака да им дозволи на земјите-членки на ЕУ да утврдат дека земјата која не е членка е безбедна за репатријација на нејзините граѓани на кои им е одбиен азил во ЕУ, дури и ако безбедноста на одредени категории луѓе не е загарантирана во таа земја. Ваквото мислење денеска за време на сослушувањето во Судот на Европската унија го изрази Флавија Тома, адвокатка која ја застапува позицијата на Европската комисија, пренесоа италијанските медиуми.

Судското рочиште е во врска со договорот меѓу Италија и Албанија за центрите за мигранти кои се преместени на албанска територија. Овие центри, финансирани од Италија, треба да сместат одредени категории мигранти заробени од италијанските власти во Средоземното Море. Таму мора да ја чекаат одлуката на италијанските власти за нивните барања за азил.

Досега трипати таму биле испраќани мигранти од Бангладеш и Египет. Овие две земји се на италијанската листа на безбедни земји. Противниците на договорот велат дека тој не е безбеден за сите членови на општеството во овие две земји. Италијанските судови трипати го блокираа процесот на престој на мигрантите во центрите во Албанија и на крајот беа донесени во Италија.

Судот на правдата на ЕУ беше упатен на случајот од италијанските судови.

Флавија Тома денеска додаде дека сегашното европско законодавство не го спречува дефинирањето на земјата на потекло на мигрантите како безбедна кога безбедноста таму не е целосно загарантирана за одредена категорија луѓе. Адвокатот рече дека се дозволени исклучоци.

Се очекува генералниот правобранител на Судот на ЕУ да ги изнесе своите заклучоци за случајот со договорот меѓу Италија и Албанија на 10 април. Судиите потоа ќе треба да донесат одлука, а одлуката се очекува помеѓу крајот на мај и почетокот на јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан