• недела, 22 декември 2024

Одложено устоличувањето на митрополитот Јаоникиј во Цетиње

Одложено устоличувањето на митрополитот Јаоникиј во Цетиње
Подгорица, 4 септември 2021 (МИА) - Најавеното устоличување на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј нема да се одржи утре во Цетиње, јави РТС. Церемонијата е откажана откако премиерот и заменик премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и Дритан Абазовиќ ургирале кај највисоките претставници на Српската православна црква. Претходно, црногорските медиуми најавија средба помеѓу Кривокапиќ и Абазовиќ со патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј на која требаше да се разговара за устоличувањето наместо во Цетиње да биде во Подгорица поради наводни можни инциденти. Противниците на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј во Цетински манастир вечерва најавија дека ќе останат на барикадите цела ноќ односно се додека Српска православна црква не се откаже од церемонијата во Цетинскиот манастир. Демонстранти соопштија дека ќе ги запалат автомобилските гуми што се поставени на барикадите, ако полицијата се обиде да ја отстрани блокадата. Црногорската полиција соопшти дека безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична. ми/

Остани поврзан