• сабота, 23 ноември 2024

Одложено рочиштето во случајот „Плацови на Водно“

Одложено рочиштето во случајот „Плацови на Водно“
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“, која требаше да се одржи денеска, се одлага по известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на коронавирусот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно протоколите за заштита од Ковид-19, главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 2 декември во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, наведуваат од Судот. вг/

Остани поврзан