Одложеното запрашување против комарци во Дебар, ќе се реализира утревечер, пчеларите да ги заштитат пчелите
- -Поради поројните дождови бевме принудени да го одложиме процесот на дезинсекција. Таа ќе се спроведе во вторник (10 јуни), од 20 часот па до утринските часови. Ви благодариме за разбирањето, стои во известувањето.

Дебар, 9 јуни 2025 (МИА) – Општина Дебар информираше дека одложеното запрашување против комарци, поради поројните дождови што го зафатија градот, а планирано за 5 јуни, ќе биде реализирано утревечер.
-Поради поројните дождови бевме принудени да го одложиме процесот на дезинсекција. Таа ќе се спроведе во вторник (10 јуни), од 20 часот па до утринските часови. Ви благодариме за разбирањето, стои во известувањето.
Се додава дека оваа активност се спроведува врз Законот за заштита на населението од заразни болести и согласно одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка.
-Со апарат за УЛВ ладно запрашување, истото ќе го вршат екипи на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ кои ќе спроведат теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата, посочуваат од општината.
Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. вт/мд/
Фото: МИА