• понеделник, 29 април 2024

Одличие „Архиепископ Доситеј” за градоначалникот Костовски

Одличие „Архиепископ Доситеј” за градоначалникот Костовски

Скопје, 14 април 2024

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по чинот на осветување на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици-Младенци, којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 год. кај Смилковци, му додели одличие „Архиепископ Доситеј” на градоначалникот Дарко Костовски.

Архиепископот г.г. Стефан истакна дека одличието му се доделува на градоначалникот за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот „Свети 40 Севастиски маченици” во Смилковци-Скопско.

Општина Бутел

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан