• недела, 05 мај 2024

Одермат победи на велеслаломот во Банско

Одермат победи на велеслаломот во Банско

 

Банско, 10 февруари 2024 (МИА) – Швајцарецот Марко Одермат е победник на велеслаломот што денеска во рамки на Светскиот куп се возеше во Банско, пред Норвежанецот Александер Стен Олсен и Австриецот Мануел Фелер.

Одермат постигна време од 2;15,75, што беше за 91 стотинка побрзо од Олсен, а 1:08 секунди од третопласираниот Фелер.

За 26-годишниот Одермат ова е деветта последователна победа во велеслаломската дисциплина во која нема пораз од второто место кое го освои во февруари 2023 година во САД.

Одермат води во поредокот во велеслалом со 600 бодови, а во генералниот пласман е водечки со 1.506 бодови, дури 822 повеќе од второпласираниот Сиприен Саразин од Франција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан