Оддадена почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година
- По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министрите за правда Никола Тупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-ми

Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министрите за правда Никола Тупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје.
Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата.


-13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола, се наведува во соопштението од владината пес-служба. ев/лв/
Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - На 13 ноември пред 78 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалничката на Градот Скопје Данела Арсовска положи цвеќе и им оддаде почит пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.
На гробиштата во Бутел цвеќе положија и делегации на Владата, на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, од Кабинетот на Претседателот на државата, од Собранието на Републикa Македонија, од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, од општините на Град Скопје, од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје, делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции. ев/лв/