• вторник, 14 мај 2024

„Одгласи“ - нова најгледана серија на Нетфликс

„Одгласи“ - нова најгледана серија на Нетфликс

Лос Анџелес, 26 август 2022 (МИА) - Новата телевизиска драма на Нетфликс - „Одгласи“ (Echoes) го зазеде првото место по гледаност во повеќе земји ширум светот. А пак, некаде, сѐ уште се бори за врвот со мрачната драма „Сендмен“ (The Sandman).

„Одгласи“ е австралиски психолошки трилер за близначките Лена и Џина - ги глуми Мишел Монаган, кои во детството тајно ги заменувале своите животи и сѐ тоа прераснало во двоен живот. Но, заплетот на серијата се случува кога една од сестрите исчезнува и сè во нивниот совршено испланиран свет се претвора во хаос. https://www.youtube.com/watch?v=N8vOzvza-r8 Засега се снимени седум епизоди. Новата ТВ-серија доби и добри и лоши коментари. На ИМДБ засега има просечна оцена од 5,8 / 10. На страницата „Ротен томатос“,пак, им се допадна само на 29 отсто од оценувачите.  си/

Остани поврзан