• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
1 мај 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 април. Денеска е Велика Сабота. Својата проповед за небесното царство, т.е. за блажениот, спокоен и радосен живот, Христос ја започна на свои 30 години и проповедаше 3 години. Но, како Бог тој не замолкна како што секој човек замолкнува со својата смрт, туку и вистински мртов како човек продолжуваше да проповеда на оние што од почетокот на времето и човечкиот род умреа од бодилото на смртта. Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Јосип Работник. Овој празник го вовел папата Пио Дванаесетти. Со својата работа, човекот е во служба на другите луѓе. Затоа земјоделците и работниците, трговците, учителите и свештениците, чиновниците, па и министрите мораат да бидат во служба на други луѓе и така да го исполнат законот на љубовта. Во текот на работата соработуваме со Господ. Исус од Назарет најголем дел од својот живот го поминал работејќи заедно со свети Јосип. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:38 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 37 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан