• четврток, 26 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
29 октомври 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври. Денеска е Св. маченик Лонгин. Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата. Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Нарцис. На крајот од вториот век бил бискуп (владика) во Ерусалим. Бил строг во управувањето, па неговите службеници меѓу верниците, ширеле клевети против него. Тогаш тој се откажал од службата и се повлекол во осаменост за да живее побожно како калуѓер. Кога верниците сфатиле дека тој бил неправедно обвинет, го молеле повторно да ги преземе и да ги води верниците од Ерусалим. Умрел како светец околу 116 година. Верниците му се молат да ги штити од клевети и лажни обвинувања. ###

Остани поврзан