• недела, 22 декември 2024

Одбојкарките на Јанта Волеј ја освоија шампионската титула

Одбојкарките на Јанта Волеј ја освоија шампионската титула
Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Екипата на Јанта волеј ја комплетираше сезоната во македонската женска одбојка со двојна круна, откако по триумфот во националниот куп, вечерва ја освои и шампионската титула, совладувајќи го во супер интересна мајсторка од финалната серија тимот на Вардар жени 2019 на гости со 3:2 (22:25, 26:24, 14:25, 26:24, 15:11). „Црвено-црните“ водеа двапати, но ривалките израмнуваа, а во решавачкиот петти сет не дозволија вардарки да поведат ниту еднаш. Клучно беше тоа што составот на Јанта волеj во тој сегмент не направи ниту една грешка, а на своја страна ја имаше извонредната Украинка Валерија Собол која беше сигурна во одлучувачките моменти. За екипата на Јанта волеј ова е трет шампионски пехар во клупската историја, по титулите во 2017 и 2019 година, а сезонава претходно триумфираа и во Македонскиот куп, совладувајќи ги одбојкарките на Вардар во финалето во Струмица.ег/фф/

Остани поврзан