• петок, 05 декември 2025

Одбојкарите на УГД Штип ја минаа првата пречка во Челинџ купот

Одбојкарите на УГД Штип ја минаа првата пречка во Челинџ купот

 

Радовиш, 19 ноември 2025 (МИА) – Одбојкарите на УГД Штип се пласираа во второто коло во ЦЕВ Челинџ Купот, откако вечерва во реваншот на домашен терен го совладаа норвешки Кол Ил со 3-0 (25-18, 25-23, 25 – 16) и со тоа ја анулираа негатива од 1-3 од првиот дуел пред една недела во Осло.

Во својот прв натпревар пред домашната публика на европската сцена, одбојкарите на Штип доминираа во воведниот сет, а откако во вториот успеаја да ја искористат првата сет топка, рутински го приведоа натпреварот до посакуваната победа без загубен сет во салата „25 Мај“ во Радовиш.

Противник на македонскиот претставник во второто коло во ЦЕВ Челинџ купот ќе биде италијанскиот клуб Милано. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан