• петок, 05 декември 2025

Одбојкарите на Бугарија со пресврт до полуфинале на СП

Одбојкарите на Бугарија со пресврт до полуфинале на СП

Пасај, 25.септември 2025 (МИА) – Одбојкарската репрезентација на Бугарија успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство што се игра на Филипини. Во последното четвртфинале Бугарија со пресврт стигна до победа од 3:2 во сетови (21:25; 19:25; 25:17; 25:22 и 15:13) против селекцијата на САД. На тој начин одбојкарите на Бугарија за првпат по 2006 година ќе играат полуфинале на Светското првенство.

Во првиот денешен натпревар Чешка го совлада Иран со 3:1 во сетови. На вчера одиграните четвртфинални дуели: Италија – Белгија 3:0 и Полска – Турција 3:0.

Полуфиналните мечеви Бугарија – Чешка и Полска – Италија ќе се играат в сабота. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан