Одбиен нападот врз руската воена база во Сирија
- Рускиот систем за противвоздушна одбрана го одби нападот врз воената база Хмејмим во Сирија, користејќи ракетни системи со голем дострел, изјави денеска заменик началникот на Рускиот центар з
Москва, 11 февруари 2021 (МИА) - Рускиот систем за противвоздушна одбрана го одби нападот врз воената база Хмејмим во Сирија, користејќи ракетни системи со голем дострел, изјави денеска заменик началникот на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, контраадмиралот Вјачеслав Ситник.
Според него, објективната контрола утврдила дека гранатирањето е извршено во вторникот од територијата на зоната за деескалација Идлиб, која е под контрола на илегални вооружени формации.
- Нема жртви, ниту материјална штета. Руската воздухопловна база Хмејмим функционира нормално, рече Ситник.
Русија спроведува специјална операција во Сирија против терористичката организација Исламска држава од септември 2015 година, на официјално барање на Дамаск. паг/