Одбележување на 100-годишниот јубилеј на храмот „Св. Петка“ – Црниче
- Викендов, на 28 и 29 септември 2024 година свечено ќе биде одбележан 100-годишниот јубилеј на храмот „Света Петка“ во Црниче.

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Викендов, на 28 и 29 септември 2024 година свечено ќе биде одбележан 100-годишниот јубилеј на храмот „Света Петка“ во Црниче.
Како што информира Скопската православна епархија - МПЦ-ОА, свеченоста ќе почне утре со вечерна богослужба со почеток во 17:30 часот. Средишната прослава, пак, Божествената литургија ќе биде прославена в недела, со почеток во 9:00 часот. мд/дма/
Фото: Скопска епархија - МПЦ-ОА