• петок, 22 ноември 2024

Одбележување на Меѓународниот ден за универзален пристап до информации

Одбележување на Меѓународниот ден за универзален пристап до информации

Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска со конференција ќе го одбележи 28 Септември - Меѓународниот ден за универзален пристап до информации.

На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од спроведената анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите.

Според агендата, на конференцијата меѓу останатите, ќе се обратат заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Данче Даниловска-Бајдевска, авторка на „Анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите“ .

Овој настан е организиран во рамките на проектот „Промовирање транспарентност и отчетност во јавната администрација“, финансиран од Европската комисија, а имплементиран од страна на конзорциум предводен од PwC. мд/сп/

Остани поврзан