• петок, 05 декември 2025

Одбележување на Денот на Логистичка база

Одбележување на Денот на Логистичка база

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одбележи Денот на Логистичка база.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости.

Денот на единицата, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања и доделување на стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за отпочнување на истото.

Покануваме сниматели и фоторепортери да го проследат настанот. Заради запазување на процедурите за влез во касарната „Илинден“, пристигнувањето пред пријавницата во касарната да биде најдоцна до 09.40 часот. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан