• петок, 22 ноември 2024

ОДАСС достави Декларација на средношколците до државни институции

ОДАСС достави Декларација на средношколците до државни институции
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАСС) соопшти дека денеска доставила Декларација на средношколците до неколку државни институции, здруженија и организации. - Декларацијата на средношколците која беше донесена на првиот Национален средношколски самит 2022 (организиран од ОДАСС - Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) од страна на голем број средношколци од многу средни училишта и градови од државата, беше доставена до Министерството за образование и наука, Собранието на Република Северна Македонија, „Europe House“, а во дигитална форма беше испратена на голем број здруженија, совети и други организации, се наведува во соопштението. Оттаму посочуваат дека ова е голем чекор напред кон остварувањето на предлозите на средношколците, но е само почеток. - Останува само заедно да соработуваме, да се вклучуваме во иницијативи и да ги искажуваме нашите ставови, велат од ОДАСС. фф/сп/

Остани поврзан