• недела, 22 декември 2024

Огранок на Ал Каида потврди дека убиле 300 луѓе во напад во Буркина Фасо

Огранок на Ал Каида потврди дека убиле 300 луѓе во напад во Буркина Фасо

Уагадугу, 29 август 2024 (МИА) - Огранокот на терористичката Ал Каида - Џама Нусрат ул-Ислам ва ал-Муслимин (JNIM) денеска соопшти дека убила речиси 300 лица во нападот на северно-централниот дел на Буркина Фасо, при што, како што наведуваат, на мета биле припадници на милицијата поврзана со армијата, а не цивили, објави американската консултантска компанија Сајт Интелиџенс груп.

JNIM соопшти дека војниците и припадниците на милицијата копале ровови кога бил изведен нападот во саботата. „Тие што беа елиминирани во овој напад не беа ништо друго освен милиции поврзани со армијата на Буркина Фасо, а не цивили, како што лажно беше тврдено“, се вели во соопштението на JNIM.

Нападот надвор од градот Барсалого беше еден од најсмртоносните во речиси деценија исламистичко насилство во оваа западноафриканска земја.

Роднините на жртвите изјавија дека најмалку 400 луѓе биле убиени кога џихадистите отворија оган врз цивилите кои копале одбранбени ровови по наредба на армијата. Поради високото ниво на насилство во Буркина Фасо, дојде до два државни удари во 2022 година, но властите не успеаја да го решат овој проблем.

Повеќе од 6.500 цивили се убиени од почетокот на 2020 година, а повеќе од половината починале под сегашната влада, се наведува во јулскиот извештај на невладината организација „Податоци за локации и настани на вооружен конфликт“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан