• сабота, 09 декември 2023

Ограничено движење поради боево гаѓање во Пехчево

Ограничено движење поради боево гаѓање во Пехчево

Пехчево, 27 септември 2023 (МИА) - Поради тактичко-показна вежба со боево гаѓање ограничено движењето кај месноста Говедарник во Пехчево. 

Од oпштината информираат дека боевото гаѓање ќе се изврши во три наврати, поради што апелираат на почитување на ограничувањето на движење во наведените датуми.

-Ги известуваме граѓаните на Пехчево и поширокото опкружување дека на ден 29.09.2023, 13.10.20233 и 29.10.2023 ќе биде спроведено боево гаѓање кај месноста Говедарник. Поради тоа се замолуваат граѓаните да се воздржат од движење на стрелиштето, соопштуваат од Општина Пехчево.

Посочуваат дека апелот е во насока на заштита на населението од несакани повреди и други незгоди.вс/фф/

Фото: Принтскрин Гугл

Остани поврзан