• вторник, 05 ноември 2024

Оган: Ќе го поддржам Киличдароглу во вториот круг ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија

Оган: Ќе го поддржам Киличдароглу во вториот круг ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија

Анкара, 15 мај 2023 (МИА) - Двајцата кандидати со најголем број гласови освоени во првиот круг од претседателските избори во Турција, Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, ќе се натпреваруваат во вториот круг на 28 мај.

Турскиот националистички претседателски кандидат Синан Оган, кој заврши на третото место на изборите во неделата, денеска изјави дека може да го поддржи главниот опозициски кандидат Киличдароглу во вториот круг само ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија.

Оган освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

За актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ.

За главниот ривал на Ердоган - Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите.

За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие 50 отсто плус еден глас. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан