Оган и чад се издигаат над Амбасадата на САД во Кувајт
- Оган и чад се издигаат над Амбасадата на САД во Кувајт по иранскиот напад, објавија дел од западните медиуми повикувајќи се на очевидци
Кувајт, 2 март 2026 (МИА) – Оган и чад се издигаат над Амбасадата на САД во Кувајт по иранскиот напад, објавија дел од западните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Во регионот се забележани и пожарникари и возила на брзата помош.
Амбасадата на САД во Кувајт издаде предупредување до американските државјани да се засолнат поради континуираната закана од напади со ракети и дронови над регионот.
- Постои континуирана закана од напади со ракети и беспилотни летата над Кувајт. Не доаѓајте во Амбасадата. Засолнете се во својот дом на најнискиот кат и тргнете се од прозорците, објави американското Одделение за конзуларни работи на платформата Икс. ми/сд/
фото: МИА архива