• недела, 22 декември 2024

Овој викенд се одржаа и последните турнири во пинг-понг за сезоната 2021/22

Овој викенд се одржаа и последните турнири во пинг-понг за сезоната 2021/22
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) – Со учество на 40 играчи изминатиот викенд во Крива Паланка се одржа петтото Државно првенство во категорија помлади од 21 година. Пласман на најдобрите тројца по категории: машки:
  1. Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип
  2. Нико Доага - ППК Крушево, Крушево
  3. Теодор Волкановски - ППК Крушево, Крушево
  4. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
женски:
  1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
  2. Сара Чипевска - ППК Зегин Берово, Берово
  3. Бојана Михајловска - ППК Рисови, Скопје
  4. Сара С. Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
Се изиграа и категориите во двојки и мешани двојки каде што во машка категорија победија браќата Стојчев Дамјан и Стојчев Лука од ППК Шампион Фа пред Теодор Волкановски и Нико Доага од ППК Крушево. Во женска конкуренција победија Бојана Михајловска и Ива Димитриевска од ППК Рисови пред Фани Јованска и Изабела Ковачовска од ППК Крушево и ППК Зегин Берово. Во мешани двојки победија Александар Јакимовски и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка пред Ива Димитриевска и Нико Доага од ППК Рисови и ППК Крушево. Се изигра и последниот Топ 8 турнирот сезонава во категорија У21 за мажи и жени со што се комплетираа резултатите на ранг табелата. Во машка конкуренција пласманот е следниот:
  1. Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип
  2. Теодор Волкановски - ППК Крушево, Крушево
  3. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
Во женска конкуренција пласманот е следниот:
  1. Ива Димитриевска - ППК Рисови, Скопје
  2. Бојана Михајловска - ППК Рисови, Скопје
  3. Софија Хасану - ППК Крушево, Крушево. зс/

Остани поврзан