• петок, 22 ноември 2024

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

Гостивар, 13 јули 2023 (МИА) – За време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“ по локалниот пат до селото Галичник ќе важи посебен сообраќаен режим со ограничено движење на моторни возила во сабота и во недела.

Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и активностите опфатени со манифестацијата „Галичка свадба 2023“ ќе воведе посебен сообраќаен режим од и кон мијачкото село Галичник.

- Во овој период во селото ќе може да влегуваат само возила со посебни пропусници, додека сите други гости и посетители нивните возила ќе треба да ги паркираат на стадионот во Галичник или на ливадите од двете страни пред стадионот, наведуваат од СВР Тетово.

Посетителите кои ќе доаѓаат со минибуси и комбиња ќе треба да се паркираат на споредниот пат за соседното село Лазарополе.

Од СВР Тетово апелираат посетителите кои планираат да дојдат на „Галичка свадба“ со возила или минибуси и комбиња да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници и да не ги оставаат возилата надвор од предвидените места за таа намена.

- Со целосно почитување на сите сообраќајни правила и прописи и јавниот ред и мир ќе придонесат за успешно одржување на оваа традиционална и надалеку позната манифестација, стои во информацијата на СВР Тетово. згм/цр

Фото:МИА

--

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан