Овогодишниот „Анпакд“ на „Самсунг“ на 17 јануари
- Според упатени извори, нарачките ќе бидат отворени веднаш по завршувањето на настанот.
Лос Анџелес, 3 јануари 2024 (МИА) - „Самсунг“ потврди дека ќе го одржи својот традиционален настан „Анпакд“ (Unpacked) на 17 јануари. Карактеристично за јужнокорејската технолошка мултинационална корпорација, најавата не содржи детали за настанот, но се очекува претставување на новата серија паметни телефони „Галакси С-24“.
Вообичаено, „Самсунг“ го одржува „Анпакд“ во првата недела од февруари, но сега има промена, особено поради „ЦЕС 2024“. Настанот ќе се одржи во Сан Хозе, Калифорнија, САД, но ќе се емитува во живо на „Јутјуб“ и другите видео-канали на „Самсунг“.
Според упатените извори, нарачките ќе бидат отворени веднаш по завршувањето на настанот.
Споредувајќи со изненадувањата од минатата година, „Галакси С-23“ и „С-23 плус“ донесоа благи подобрувања во однос на претходните модели, така што слично, па и повеќе се очекува и со „С-24“. На годинашниот „Анпакд“, многу веројатно ќе бидат претставени и нови лаптопи. си/мс/
Фото: МИА архива