• петок, 05 декември 2025

Објавен романот „С(удба)та“ од Филип Георгиевски

Објавен романот „С(удба)та“ од Филип Георгиевски

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Во издание на „Бата прес“ излезе од печат новиот роман „С(удба)та“ од македонскиот поет и прозаист Филип Георгиевски. Делото е политичко-психолошки трилер инспириран од вистинити настани, кој се занимава со трагични човечки судбини и улогата на тајните служби во поранешниот општествен систем.

На Саемот на книгата во Скопје, романот го промовираше книжевниот критичар и драматург Гоце Ристовски, кој истакна дека со креативната употреба на заградата во насловот се алудира на УДБА – тајната служба што оставила длабоки траги во животите на многу луѓе. Тој го оцени делото како инвентивно, асоцијативно и предупредувачко.

„С(удба)та“ раскажува за една ненадејна смрт на млада личност и последиците што ги предизвикува кај оние кои, свесно или несвесно, биле дел од трагедијата.

Филип Георгиевски е автор на неколку поетски збирки, а минатата година го објави романот „Стриптиз на душата“, кој влезе во најтесниот избор за годишната награда на Друштвото на писателите на Македонија.ар/дма/


Фото:Постер

Остани поврзан