Објавен романот „Стројникот“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски
- Современиот македонски писател Јован Дамјановски од Тетово ја збогати својата прозна продукција со деветнаесеттиот роман „Стројникот“. Како и во досегашните дел, пишува за луѓето од дното на животот. Ова е приказна за спротивставеноста на доброто и лошото во кој се живее и треба да се препознаваме како луѓе.

Тетово, 22 март 2025 (МИА) - Современиот македонски писател Јован Дамјановски од Тетово ја збогати својата прозна продукција со деветнаесеттиот роман „Стројникот“. Како и во досегашните дел, пишува за луѓето од дното на животот. Ова е приказна за спротивставеноста на доброто и лошото во кој се живее и треба да се препознаваме како луѓе.
Тој се задржува на современиот живот во кој психолошкиот профил на човекот треба да биде на постојано ментално и психолошко тестирање.
-Корупцијата е стожерна точка на проблемите со што се деформира личноста Сребренко, злосторството му е всадено во умот како начин на размислување на ситна душа и во животот се раководи од филозофијата што се стекнува во берберницата каде го изучува занаетот. Стројниците не се плашат од законот, а секој заборав е за влез во некое ново зло. Првата тепачка од детството за главниот лик Сребре е најубав спомен, а крадењето е начин комотно да се живее. Затоа овој роман е приказна за лоши луѓе кои се богатат од наивноста на луѓето во современиот живот на изместен свет од хипокризија во која се препознава современиот човек. Во ова исклучително реалистично книжевно дело се зборува за оние луѓе кои низ животот се пробиваат на нечесен начин, вели авторот.
Авторот на овој роман е трагач по моралниот лик на недозреани личности. Тој драматично се загледува во современиот живот и се вградува во иманентната категорија на книжевниот феномен да допира до реалните проблеми на животот. Романот „Стројникот“ во својата длабока социјална содржина, а авторот се служи со таткото на аналитичката и комплексна психологија Карл Густав Јунг.
- Во овој роман се зборува за љубовта како прашање на силата на љубовта во човековиот живот, па и меѓу нечесните. Во ликот на Невена се зборува за лик на чесниот човек кој конечно сфаќа дека ликот на избраникот Сребре за неа ќе води кон расчовечување на животот и го напушта. Нејзиниот лик се претставува како вистински човек кој разбира дека вистинскиот човек во животот може да се сретне и со несигурна љубов, што сепак е подобро отколку не ја сретнеш, вели Дамјановски.
Писателот е роден 1946 година во Тетово, доктор е на науки и пензиониран универзитетски професор. Покрај 19 романи, објавил две драми, две збирки со раскази, учествувал во две големи публицистички дела, изработил стотина текстови за документарни филмови и голем број рецензии за книжевни дела. ас/
Фото: МИА